Привремениот павилјон дизајниран од лабараторијата за креативен дизајн (Labaratory for Creative Design) со седиште во Пекинг доби признание за најголемата изработена структура преку 3Д принт технологијата.
Павилјонот кој што моментално е изложен на „Дизајн неделата“ во Пекинг е висока 2.88 метри и 9.08 метри долга и истата е составена од 1023 индивидуални испринтани елементи. За принтање на сите парчиња било потребно околу 30 дена и дополнителни 12 дена за нивно составување.
Павилјонот е наречен ,,Вулкан” што претставува симбол на стравот и почитувањето на непредвидливите сили на природата, односно претставува една нова реалност и доказ дека современите архитекти може да ги реализираат своите идеи преку користењето на 3Д технологијата и дигиталниот дизајн.