Насловна / Вести / Од 2007 до 2014 година, Црна Гора добила 35 милиони евра од ЕУ за заштита на животната средина

Од 2007 до 2014 година, Црна Гора добила 35 милиони евра од ЕУ за заштита на животната средина

Print

Делегцијата на Европската Унија во Црна Гора соопшти дека Европската Унија во периодот од 2007 до 2014 година и доделила на Црна Гора 35 милиони евра за заштита на животната средина. Како што се наведува во соопштението, средствата се доделени со посредство на инструментите за предпристапна помош на Европската унија (IPA).

Со помош на овие средства обезбедени се 35 возила за собирање на отпад, над 2000 контејнери, а се унапредуваат и постројките за пречистување на отпадните води во Плевља, Бијело Поље, Никшиќ и Цетиње. Освен тоа, поддржано е и усвојувањето и усогласувањето на над 30 законски и подзаконски акти, со цел ускладување на националното законодавство со стандардите на Унијата.

Организирана е и обука за државните службеници во насока на унапредување на капацитетите за имплементација на легислативата во оваа област како и поквалитетна подготовка на инфраструктурните проекти.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top