Тимот инженери од ДГ Бетон а.д. Скопје на Меѓународниот симпозиум на ДГКМ доби признание за изградбата на водозафатната кула на Хидросистемот „Лисиче”. Техничкиот директор дипломираниот градежен инженер Ѓоре Јованоски, и технич-ките раководители на објектот, дипломираните градежни инженери Тане Василевски и Илија Марков, со изградбата на хидротехничките објекти на браната „Лисиче” стекнаа признание кое е потврдено и со констатацијата на надзорниот одбор и инвеститорот, искажана во повеќе објавени трудови на други научни и стручни собири, дека: Изградбата на хидротехничките објекти на браната “Лисиче” претставуваат редок пример на правилно изведување на бетонските работи, почитување на проектите на бетон и обезбедување на целата потребна техничка документација согласно важечките стандарди МКС и Правилникот за бетон и армиран бетон ПБАБ/87.
Повеќе во број 126, Петок 12.03.2010 г.