Архитектот Јо Минг Пеи во Лондон доби златен медал за своите достигнувања на полето на архитектурата. Кралскиот златен медал се одобрува од самата Кралица на Велика Британија и се дава на личност или група на луѓе чие влијание директно или индиректно го потикнало развитокот на современата архитектура. 92-годишниот американски архитект, роден во Кина беше избран на прво место од Кралскиот Институт на Британски Архитекти (RIBA).
Јо Минг Пеи е познат во архитектонскиот свет по неговите Пирамиди во Лувр, Париз, Источното Крило на Националната Галерија во Вашингтон и Историскиот Музеј во Берлин, Германија. На церемонијата по повод доделувањето на наградата беше прикажан и филм за Хиперболоидот, проект за кула на Менхетен (1945 г.) која никогаш не се изградила, меѓутоа инспирираше низа објекти со органска структура насекаде низ светот. Претходни победници на оваа награда се и Френк Лојд Рајт, Корбизје, Оскар Нимаер, Норман Фостер и Ричард Роџерс.
Повеќе во број 126, Петок 12.03.2010 г.