Насловна / Екологија / Ќе се контролира испарувањето на горивата од бензинските пумпи

Ќе се контролира испарувањето на горивата од бензинските пумпи

okta
Сите бензински пумпи во земјава до 2021 година треба да воспостават технички стандарди за заштита на животната средина, односно заштита на воздухот од загадување од испарувањата при манипулација со бензините, предвидува Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење бензини. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека со спроведувањето на Законот се очекува намалување на загадувањето од испарливите органски соединенија. Експертите укажуваат дека опремата со која располагаат бензинските пумпи и другите економски оператори што се занимаваат со продажба на горива не ги задоволува во целост стандардите за заштита на животната средина и само некои од нив имаат опрема за зафаќање на испарливите органски соединенија при преточувањето на бензините на терминалите.

Извор: Нова Македонија

Испрати коментар

Scroll To Top