Архитектите секојдневно ги поместуваат границите на иновативноста и константно нудат нови решенија. Доказ за тоа е „Куќата Форма“ на Исланд во Рејкјавик, дело на дизајнерското студиото „ЕОН Архитекчр“, која претставува вистинско уметничко дело.
Куќата е изградена во чест на науката и откритијата и е замислена како единство на едноставната форма и дизајнот. Совршената мешавина на материјали и заоблената форма и дава идеален изглед на куќата, која целосно се вклопува во опкружувањето во кое се наоѓа.
Целата куќа претставува комбинација на триаголници, квадрати и кругови, со што е направен обид за пресликување на кохезијата на природата, човекот и Вселената. Куќата е изградена од бетон, челик и стакло со дополнителни елементи од дрво, со што е постигната поврзаност со природата.