Од 26ти до 29ти октомври 2015 на Меќавник, Мокра Гора во Србија ќе се одржи третиот по ред Светски конгрес за биодиверзитетот под името „Интегрирани стратегии за зачувување на загрозениот биодиверзитет и геодиверзитет во насока на глобален одржлив развој“. Домаќин на овогодишниот конгрес е Република Србија.
Организатор на конгресот е Глобалниот научноистражувачки фонд (Global Scientific Research Foundation – GSRF) од Бангалор, Индија во соработка со заводот з азаштита на природата на Србија. Повеќе информации мошете да добиете на официјалната страна на конгресот WBC2015.