Насловна / Вести / Заедничко претставување на енергијата и екологијата на Белградски саем

Заедничко претставување на енергијата и екологијата на Белградски саем

980z324_ekologija_i_energetika_za_portal_isp

Од 14 до 16 октомври 2015 година во Белград, ќе се одржи 12. Меѓународен саем „Ecofair“ и 11.  Меѓународен саем „Енергетика“.

Меѓународниот саем  „ЕНЕРГЕТИКА“ е најголем настан на годишно ниво којшто под покровителство на Министерството за енергетика и рударство нa Србија, има за цел да ги собере сите компании, корпорации, институции и професионалци од областа на електричната енергија, јагленот, нафтата и гасот, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и рударството од  целиот регион.

Програмската рамка на Саемот, во излагачкиот и во конференцискиот дел, ги вклучува сите тематски поднивоа – од научно-истражувачка работа, преку производство и експлоатација, се` до збогатување, дистрибуција, транспорт, складирање или непосредно користење на природните ресурси.

Меѓународниот саем за заштита на животната средина и природните ресурси „EKOFAIR“, под покровителство на Министерството за земјоделие и заштита на животната средина на Република Србија, е целосно посветен на системот за заштита на животната средина, со посебен акцент на „зелената економија“, рециклирањето, обновливите извори на енергија и управување со отпад.

Деловното и едукативното мото на двата саема, коишто се воедно и најголеми и најрепрезентативни собири од ваков тип во овој дел од Европа, е „НОВА ЕНЕРГИЈА“, што има за цел да го поддржи глобалниот тренд за поддршка на одржливата егзистенција и напредокот на цивилизацијата.980z324_ekoenergetika_2015_980x330

Оваа година се очекува учество на повеќе од 150 директни и индиректни излагачи од десет странски земји, повеќе од 7000 посетители од  целиот регион.

За време на саемите ќе бидат организирани и меѓународни конференции, тркалезни маси, панел-дискусии, предавања, најави и случувања коишто ќе се одржуваат во конференциските сали  и Хала 1 на Белградскиот саем, со тематики како што се: Регионална соработка во областа на енергетиката и заеднички настап на трети пазари, Енергетска ефикасност, Ден на инвестиции и партнери, Развој на рударството, Ден на еколошката интеграција и регионалниот развој, Управување со отпад, берза на отпадот и трговија со отпад и секундарни суровини, Употреба на отпадот во  енергетиката, Циркуларна економија во регионот и Ден на студентски стручни пракси и вработување.

Исто така, сите заинтересирани компании, кои се пријават во Стопанската комора на Македонија ќе имаат можност електронски да се пријават за деловни средби со веќе регистрираните учесници, со што воедно ќе им биде обезбедена и бесплатна влезница за Саемот, како и можност за резервација за присуство на конференциите.

Испрати коментар

Scroll To Top