Две познати концепт продавници – Alchemist од Мајами и Colette од Париз ги обединиле своите сили за 12. уметнички саем на уметноста Miami Beach Art Basel. Од втори до осми декември, двете продавници ќе обезбедуваат специјални услуги за купување на одредени дела во таквата осмисленa drive-in продавница, како оние што се среќаваат во популарните синџири за брза храна. Концептот е решение на студиото René Gonzales Architect, а на „менито“ се дела на значајни имиња од креативниот свет, како што се Zaha Hadid, Daniela Arshama, Kehinde Wiley, Chrome Hearts, Maison Kitsuné, Olympia Le-Tan и други.