Дизајнерот Ruslan Prosvirin дизајнираше современ ентериер на апартман во Санкт Петерсбург од само 37.5 метри квадратни. Целиот дизајн се базира на модерни детали и економичност во просторот со цел да се максимизира употребливата површина. Деталите на елементите како што се ѕидот од бела тула и луксузниот кауч поставен на самиот влез додаваат дополнителна елеганција во просторот.