Насловна / Архитектура / Норман Фостер ќе гради аеродром за беспилотни летала во Африка

Норман Фостер ќе гради аеродром за беспилотни летала во Африка

norman foster dronovi (3)

Најновиот проект на Норман Фостер и архитектонското студио Foster + Partners е предвиден да започне во 2016 година во Руанда, со цел изградба на прв аеродром за беспилотни летала коишто ќе испорачуваат лекови во оддалечените делови на Африка.norman foster dronovi (4)

Бидејќи низ целиот континент нема ниту еден автопат што ги поврзува земјите од Африка, и речиси и да нема тунели ниту мостови што овозможуваат пристап до тешко достапни места, земја каде што една третина од населението живее на оддалеченост од два километри од проодни патишта или речни патишта, овој проект се појавува како повеќе од потребен.

Дизајнот на аеродромот за беспилотни летала ќе имитира арки од тули а ќе вклучува поликлиника, работилница со резервни делови за авиони, мала пошта и мал центар за електронски бизнис.norman foster dronovi

Ќе има две линии: црвена и сина. Леталата од црвената линија ќе имаат распон на крила од три метри и капацитет на пренесување медицински и друг потрошен материјал со тежина до 10 килограми, како залихи со крв, вакцини и лекови. Оние од сината линија ќе бидат наменети за пренос на потешки предмети, опрема, електронски делови и различни пакети со тежина до 100 килограми.norman foster dronovi (2)

Реализацијата на проектот се очекува во 2020 година, а според Норман Фостер ова е само прв во серијата на проекти од овој вид на африканскиот континент.

norman foster dronovi

Испрати коментар

Scroll To Top