Познатото архитектонско студио Foster + Partners го објави дизајнот за објекот чија цел е подобрување на ефикасноста на здравствената заштита и подобрување на комерцијалните услуги во Африка каде што има недостиг од инфраструктура за задоволување на потребите на жителите.
Само една третина од жителите на Африка живеат на растојание од два километри од главните инфраструктурни линии, па наместо инвестирање во патишта Foster + Partners предложија решение кое се базира на објект налик на „дрон“, кој ќе има големо влијание врз равојот на Африка и истовремено ќе ги задоволи потребите на луѓето. Објектот ќе содржи здравствена клиника, продавница, пошта, трговски центар и ќе биде во можност безбедно да слетува на посакуваната дестинација. Исто така, дополнително се додадени дронови со носивост до 10 килограми за пренесување на крв и други медицински материјали, а се планира до крајот на 2015 година тие да се заменат со дронови со поголема носивост, односно до 100 килограми.