Имаме гледано многу примери каде се проектирани станови во светли тонови, свежи бои и весели детали, па дури сме гледале и станови кои се целосно бели. Ваквите станови и комбинација на бои евидентно е дека се одлични, но има убавина и во становите со потемни тонови и бои.
Овој стан се наоѓа во Украина и се простира на 80 м2. Целиот е материјализиран во сиви, сенчести тонови. Кога станува збор за темните бои кои се перцепираат како груби, сурови и конструктивни, дизајнерот на овој стан, користејќи меки материјали и текстури успеал да ја надмине оваа предрасуда.