Насловна / Вести / Претставен проектот за нов стадион на Кантрида во Риека

Претставен проектот за нов стадион на Кантрида во Риека

Stadion Kantrida Rieka

Неодамна во Риека е претставен проектот за изградба на новиот стадион на фудбалскиот клуб Риека. Дело е на риечкиот архитект Здјелар и веќе етаблираниот италијански архитект Zavanella кој го проектирал стадионот на Јувентус.

Stadion Kantrida Rieka1

Претставувањето на овој проект се случи пред 10.000 луѓе, што претставува најмасовен настан од ваков вид во Хрватска. Во моментот откако проектирањето е завршено се чека на добивање на потребните дозволи по што ќе се започне со градба.

Stadion Kantrida Rieka2

Финанскиската конструкција е веќе обезбедена. Изградбата е предвидено да трае две години, односно новиот стадион ќе биде готов до почетокот на 2018 година.

Stadion Kantrida Rieka3

Стадион на ХНК Ријека (25 милиони евра)

– вкупна површина затворен простор – 20.000 m2

– вкупен капацитет на стадионот – 14.000 седишта

– распон на конзолата на покривот – 32 m

– вид на трева на главниот терен – хибридна

– дополнителни содржини – хотел, ресторани и шопинг центар

Последен стадион во Хрватска е изграден во 1978 година, односно познатиот Пољуд во Сплит.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top