Дали сте помислиле дека е еден од најпопуларните печатени изданиа во светот може да се набљудува и доживува само како обичен комерцијален каталог? Познатиот германски литературен критичар Hellmuth Karasek би можел да ве разубеди кога е во прашање каталогот на ИКЕА.
– Едноставно е скандалозно книгата со најголем тираж во светот, со импресивни 220 милиони примероци, никогаш не била правилно рецензирана“, рече Hellmuth Karasek на почетокот на неговиот критички осврт на најновиот ИКЕА каталог за оваа година кој порачува „секој ден да биде зачинет со мали нешта“ (во англиската верзија – It’s the Little Things That Matter).
Во својата анализа на јазикот на најпопуларниот каталог во светот Karasek се држел во согласност со вообичаените правила на книжевната критика, и во ниту еден момент не му претставувало пречка фактот дека во раката држи еден индустриски каталог, туку го третирал како вистински роман. Па во таа смисла во својата рецензија го критикува авторот за премногу слики, за премалку дијалог меѓу ликовите кои во голема мера се принудени својата комуникација да ја остваруваат со парчиња мебел, наведувајќи конкретни примери.
Меѓу другото, Karasek изразува несогласување со „авторот“, дека среќата како „удобен тросед, неколку парчиња ноќни орманчиња и добра безжична мрежа“ и дека таквата „трајна“ дефиниција противречи со Фројдовата идеја за среќа.
Овој интересен проект, компанијата ИКЕА го објави како дел од својата промотивна кампања, а во видеото може да се погледне целата рецензија на Hellmuth Karasek.