Во Македонскиот народен театар од денеска, (16 септември) до 25 септември ќе биде отворена изложба насловена „Миграција на Турците од Азија во Анадолија“ од уметникот Рауф Тунџер.
Изложбата, која е во организација на „Институтот Јунус Емре“ – Турски Културен центар Скопје, ќе биде свечено отворена во 19:30 во просториите на МНТ.
Познатиот реномиран ликовен уметник Тунџер е автор на бројни самостојни изложби во Турција и во странство.