Насловна / Вести / Во Берлин отворена првата продавница која не создава отпад

Во Берлин отворена првата продавница која не создава отпад

Prodavnica bez pakuvanje

Еколошки свесните потрошувачи често пати мораат да направат отстапки кога одат во продавница каде што храната доаѓа завиткана во непотребна амбалажа или е сервирана во порции.Една германска продавница се обидува да создаде ново шопинг искуство. Лоцирана во Берлин, „Original Unverpackt“ е продавница која не создава отпад и ја продава храната без нејзиното пакување (или храна без бренд).

Prodavnica bez pakuvanje1

Претежно органскиот оддел е уреден на начин на кој им овозможува на корисниците да ја добијат количината којашто им е потребна. Во оваа продавница купувачите не мора да купат цело пакување од производот.Овошјето и зеленчукот се продаваат во канти, а шампоните се ставени во шишиња кои повторно можат да се наполнат. За поголемиот дел на производи, од вас се очекува сами да си обезбедите најлонски ќеси, но има и да купите доколку сте заборавиле да си земете.

Prodavnica bez pakuvanje3

Иако мала, полиците на продавницата се обезбедени со 400 различни производи. Компанијата е основана од Сара Вулф и Милена Глимбовски. Тие собраа пари за да ја создадат компанијата и ја отворија во објект во кој претходно имало месарница стара 100 години.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top