Активностите на Јавното претпријатие за државни патишта за осветлување на 14 клучки и раскрсници на регионални патни правци кои отпочнале во месец јули со поддршка од Светска Банка се во завршна фаза, и се очекува да завршат до крајот на септември.
До сега комплетно се завршени и пуштени во функција клучките Оризари и Истибања на делницата Кочани-Делчево, Македонски Брод, Виница, Пелинце, и Карпош-Куманово на делницата Куманово-Крива Паланка и клучката на делницата Прилеп-Крушево (кај населено место Славеј).
Завршени се и се чека на приклучок од ЕВН клучките Смојмирово, Росоман Лакавица, Љубојно и Асамати, а на клучките Удово и раскрсница Козјак на регионалниот пат Макази-Маркова Нога активностите се во поодмината фаза и се работи на подигање на канделабрите.
Вкупната должина на осветлен пат на овие 14 клучки на кои ќе бидат поставени вкупно 305 еднокраки и двокраки канделабри изнесува 12.180 метри. Инвестицијата е во вредност од 41,2 милиони денари.
Овие активности ЈП за државни патишта ги превзема со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, а со тоа и да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата.