Насловна / Вести / Архитект од Србија гради куќи од земја

Архитект од Србија гради куќи од земја

Kukja od kal vo Srbija1

Младата архитектка Драгана Којичиќ од Србија, ги изучувала природните материјали за градба низ светот, и формирала градителски центар за изградба на куќи од земја во Мошорин, село во близина на Тител во војводина.„Овие куќи с ездрави и природни. Во најголем број случаи тие се поекономични з аградба, особено ако се гради во сопствена режија. Куќите од земја се еколошки, не ја загадуваат околината, и овозможуваат многу пријатен амбиент за живот. “ Ова се само некои од бројните аргументи кои Којичиќ ги користи при афирмирањето на овој концепт.

Kukja od kal vo Srbija

Превзема бројни активности низ теоретски предавања и објави на социјалните мрежи, но и преку практични работилници, тренизнзи и летни школи, во соработка со угледни институции: Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, Архитектонскиот факултет во Белград, Друштвото на архитекти Нови Сад, но и со и Техничкото училиште „Милева Мариќ – Ајнштајн“, чии ученици учествуваат и во практичната работа на терен.

Kukja od kal vo SRbija2Вниманието на јавноста го привлекува во 2011 година кога ја организира Мошоринската работна акција – МОРА, односно првата летна школа з аземјана архитектура, каде организира и вистинско градилиште.  Секоја година со учесниците на школата обработува посебна практична тема.

Kukja od kal vo Srbija3

Куќите од земја имаат долга традиција на овие простори. Овие куќи имаат висок акустичен комфор, отпорни с ена пожари. Освен тоа, земјата е термички регулатор, односно има способност да го апсорбира вишокот на влага од воздухот, па велиме дека овие куќи „дишат“. Иако луѓето сметаат дека земјата е добар изолатор, тоа е голема заблуда, бидејќи најдобар изолатор е воздухот под услов да не се движи. Затоа, е поволно да се комбинира земјата со трска и слама. Затоа и постои старата изрека дека куќите од земја „во лето ладат, во зима топлат.„ – појаснува заговорникот за природна градба.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top