Бугарската дизајнерка Христина Христова ја реализира својата совршена куќа за одмор за да ги избегне летните одмори во преполните и скапи летувалишта. Со желба својот одмор да го минува квалитетно и без врева и турканици, одлучи да дизајнира куќа во согласност со потребите на нејзиното семејство.
Оваа мала куќичка на тркала, на површина од само девет метри квадратни, била вистински предизвик за дизајнерката. Во толку малку квадрати е сместено се` што е потребно за пријатен одмор, а да не биде премногу тесно.
Од мала кујна опремена со сите потребни апарати, простор за складирање кој воглавно е вешто скриен, па до мини софа која во само неколку потези се претвора во удобен кревет, е комплетната замисла за ентериер во девет метри квадратни.
Целта на овој проект е целото семејство да минува повеќе време во природа и да уживаат на одмор во меѓусебното дружење и едноставниот начин на живот.