Уметничките инсталации што модната куќа „Луј Витон“ ги поставува во своите излози низ целиот свет сега се обединети во книга која чини 845 долари.
Луксузната куќа со овој потег отиде чекор понатаму и на своите страсни фанови им понуди увид во маестралните дизајнирани инсталации, коишто секоја сезона ги мамат клиентите, но и случајните минувачи кои се фотографираат пред овие излози како да се работи за холивудска ѕвезда од А листа. Книгата е едноставно наречена LV Windows и има 168 страници исполнети со атрактивни фотографии.
За новиот потфат од „Луј Витон“ велат: „Секое минувач ги забележува излозите од продавниците на „Луј Витон“, кои се навистина магични. Со 35 инсталации низ целиот свет, дизајнерите Faye McLeod и Ansel Thompson Феј со своите визии ги оживуваат излозите на еден од најпознатите луксузни светски брендови“, стои во официјалната изјава на „Луј Витон“.