Насловна / Вести / Конференција: Состојба со водостопанската инфраструктура

Конференција: Состојба со водостопанската инфраструктура

Brana kozjak

Здружението македонски комитет за големи брани на 18 и 19 септември во Скопје ќе организира Конференција на тема: „Состојбата со водостопанската инфраструктура“. Работниот дел на Конференцијата ќе се одржи на 18, на Градежниот факултет во Скопје, додека на 19 септември е предвидена стручна посета.

Покрај членовите на ЗМКГБ и на националните комитети за големи брани од регионот, за учество на Конференцијата се поканети сите што се инволвирани во водостопанството во Република Македонија, односно вработени во државни и научни институции, водостопански и комунални претпријатија, како и во градежни и инженеринг компании.

Како работни теми на Конференцијата ќе бидат: Сегашна состојба со хидротехничките објекти, санација на изградените, планирање и градба на нови хидросистеми, како и Институционалната поставеност и законска регулатива во водостопанството.

Според најновиот преглед на општата состојба со браните и придружните објекти во РМ околу 20% од постојните значајни брани, се во незавидна сигурносна состојба, што е индиција дека е неопходна радикална промена на досегашниот концепт за постигнување на задоволителен квалитет на браните  кој ќе гарантира прифатливо ниво на ризик за око­лината. Според квалитетот на одржувањето на браните, околу 44% не се одличната категоријата, односно во врвната кондиција која се очекува за вакви стратешки градежни објекти. Според при­оритет за санација, за околу 11% оштетувањата се од таков ка­рак­тер што е неопходно ургентна санација, а за околу 27% постојат недостатоци кои не би требало да се толерираат на подолг рок.

Имајќи ги предвид значењето на браните од посебен интерес за државата, кои се клучни објекти на водостопанската инфра­структура на Република Македонија, потенцијалната опасност од нивното постоење, како и фактот дека за голем број изградени брани е неопходна санација, се наметна потребата од орга­ни­зирање и одржување на Конференција за состојбата со водо­стопанската инфраструктура, каде покрај за браните, треба да се даде осврт и за состојбата со специфичните хидротехнички објекти кај одделните водостопански гранки: водоснабдување, канализации, на­­воднување, одводнување, хидроенергетика, регулирање на реки итн.

 

Испрати коментар

Scroll To Top