КАТНА ГАРАЖА “ЗЕБРА” ВО КАПИШТЕЦ
Актуелната естетика и принципите кои архитектот Драги Зафиров од студиото „МА Дизајн“ ги усвоил во текот на војата долгогодишна работа анализирајќи ги најуспешните светски архитектонски примери, како и објектите од ашата традиција, пресудно влијаеле врз создавањето на ликовното решение на неговото најново дело “Катна гаража со деловен простор – Зебра# во Капиштец. Од естетски аспект, авторот прави композиција со градација а форми кои имаат за цел да ја намалат масивноста на волуменот. На овој начин објектот се надоврзува на контекстот што претежно го сочинуваат станбени повеќекатници од периодот на социјализмот. Од функционален спект, освен паркирањето кое е примарна функција, во објектот се обединети и секундарни трговски, административни и угостителски содржини.
Повеќе во број 118, понеделник 16.11.2009 г.