Мојата нова куќа кај Горна порта ми направи многу проблеми, ме прашуваа зошто изгледа поинаку од куќите од својата околина. Јас изградив куќа во која ќе живеам, не ја правев за 19, туку за 21 век. Не сакав да правам имитација на охридска архитектура. Од едната страна на куќата има римски театар кој е од третиот век од нашата ера, тука е тврдината од 10 век, на 200 метри е црквата „Света Богородица“ од 13 век, во околината има куќи од 19 век, кои сега се руинирани. Кој век требаше да ми биде репер? Јас бев сигурен во мојата концепција. Направив обид да земам од се по нешто. Ги земав столбовите од римски период кои ги има црквата, ги има на Плаошник, ги земав пропорциите од прозорците на охридската куќа и направив една синтеза, за некои можеби неуспешна, но за мене успешна, зашто мислев на тоа како ќе живеам внатре.
Повеќе во број 118, понеделник 16.11.2009 г.