Главниот урбанист на градот Белград, господинот Милутин Фолиќ, на почетокот на август оваа година изјави дека следната година ќе се започне со реализација на проектот за обнова на фасадите во главниот град, заради подобрување на енергетската ефикасност.
Старите и запуштени фасади ќе бидат реновирани во рамките на проектот„IME: Identitet_Mobilnost_Ekologija“, а нивната реконструкција е планирана во неколку фази. Во првата фаза ќе бидат обновени околу 70 фасади на објектите во строгиот центар, а потоа ќе се продолжи со реконструкција на фасадите кои се градени во втората половина на 20-тиот век и кои претставуваат големи потрошувачи на енергија.
Средствата ќе можат да бидат обезбедени од европските фондови.