Откако во 2009 година Грција западна во економска криза беа предложени огромен број решенија за подобрување на ситуацијата. Последниот предлог план на Владата на Грција е поставување на соларни панели низ целата земја со што ќе се намали трошокот за потрошена енергија, а тоа истовремено ќе допринесе за подобрување на економската ситуација во Грција. Првата локација на која се планира да се постават соларни панели е островот Родос, а за реализација на планот потребни се околу 1 милион долари. Според извршено истражување, вкупно шест од 10 домови во Грција имаат проблем при плаќање на сметките за електрична енергија, а со ваквиот проект се очекува воспоставување на енергетска независност и подобрување на ситуацијата.