Кога еден млад брачен пар го започнува својот заеднички живот, во поголем број од случаите се соочува со одредени проблеми. Најчести проблеми се недостатокот на сретства за сопствен и доволно конфорен простор, недостаток на простор и комодитет и слично.
Овој стан се одликува со сосема мал простор во кој се сместени сите потребни простории за непречено и нормално функционирање на една млада фамилија. Дизајнерот на овој стан се водел од идеата да создаде еден гостопримлив и релаксирачки простор во кој се употребени доста свежи бои кои му даваат посебна живост на овој простор.