Студио Ill-Studio во соработка со францускиот моден бренд Pigalle креираа шарено игралиште за кошарка во Париз. Сопственикот на Pigalle со години работи и како тренер по кошарка за деца на овој терен, па поради тоа сакал да го трансофрмира во простор кој што ќе биде визуелно поразличен. Подот на игралиштето е изработен од гума пропилен, метеријал кој што најчесто се користи за спортски игралишта, а графичката композиција е изработена од бои во плава, бела, црвена и жолта.