Украинската архитектката и дизајнерка, Јулија Бутова својата инспирација најчесто ја црпи од децата, па токму поради оваа причина во нејзините проекти може да се забележи поголемо присуство на колоритни парчиња на мебел.
Во овој стан во дневната соба дизајнерката одела на варијанта со помеки и нежни тонови на крем и капучино.
Во средината на собата е поставена мека кремаста седечка гарнитура, ѕидовите се обоени со бела боја, а исто така како еден од главните елементи е и трпезариската маса од природно дрво.
Во спалната соба се употребени светли и свежи тонови, а централно место на ѕидот завзема уметничката слика со крајбрежен пејзаж кој е карактеристичен за хотелските соби.
Амбиентот во детската соба е навистина интересен. Оваа соба е предвидена за ќерката на сопствениците на овој стан, а истата претставува рај за секое девојче на таа возраст.