Насловна / Вести / Грција и Русија ја потврдија целисходноста од изградбата на Турски тек

Грција и Русија ја потврдија целисходноста од изградбата на Турски тек

turkish_stream_route_gazprom

Грција и Русија ја потврдија целисходноста од изградбата на нов гасовод на грчка територија, наменет за пренос на руски гас до европските корисници. Тоа е потврдено во денешниот телефонски разговор на министрите за енергетика на двете земји Александар Новак и Панос Скурлетис, се наведува во соопштение на руското министерство за енергетика, пренесува ТАСС.

Министрите разговарале за исполнување на потпишаниот за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург меморандум за соработка за изградба и експлоатација на гасоводот на територија на Грција, како и планот за реализирање на проектот за изградба на гасовод на грчка територија од Турција до границата со Македонија.

Поморскиот дел од Турски тек треба да се состои од четири линии, секоја со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас. Гасоводот ќе минува долж 660 километри од стариот коридор на Јужен тек и 250 километри од новиот коридор кон европскиот дел на Турција.

 

Испрати коментар

Scroll To Top