Кинеската компанија ZhuoDa изгради двокатна вила во Xian, Кина со помош на 3Д принт технологијата за помалку од 3 часа. Вилата е изработена од 6 модули кои што се меѓусебно составени како лего коцки. Материјалот од кој што е изработена е отпорен на пожар и истовремено може да издржи земјотрес дури и до 9 степени по Рихтеровата скала. Ваквата брза изградба на вилата овозможува заштеда на трошоcite (од 400 до 480 долари по квадратен метар ) и заштеда на време, бидејќи со обична изградба на ваков тип вила, toa би траело приближно една година.