Популарниот еколошки offroad автомобил, кој ги преплави автомобилските медиуми изминатиов период, е нешто навистина иновативно и интересно.Имено станува збор за теренски автомобил задвижуван на електричен погон со 0% емисија на штетни гасови.SWINCAR SPIDER е способен да поминува исклучително тешки терени, а таа можност му ја дава променливото меѓуоскино растојание како и промена на трагата на движење на тркалата, нешто што го нема речиси ниту еден друг теренски автомобил
.Задвижувањето е со помош на 4 електромотори монтирани во секое тркало на автомобилот, а енергијата ја добиваат од литиумска батерија. Кабината во која седи возачот е централно поставена и е намената само за едно лице, е изработена од алуминиумска конструкција и е со одличен систем кој оневозможува превртување на возилото.
Со едно полнење на батериите автомобилот може да се движи околу 3 часа. Способноста да совладува нагорнини ни ја потврдува и фактот дека овој автомобил е способен да искачи нагорнина од дури 50%.