Насловна / Вести / Албанија прави туристичка атракција од поранешна воена база

Албанија прави туристичка атракција од поранешна воена база

albanian-riviera.net

Албанија одлучи островот Сазан, поранешна воена база од времето на комунизмот, со бројни  бункери и тунели, да го отвори за посетители со надеж дека овој  остров ќе стане нова туристичка атракција. Овој мал остров со површина од само неколку квадратни километри се наоѓа на влезот на Валонскот Залив во југозападна Албанија и е стратешка точка во Отрантскиот Канал, кој го дели Јадранското од Јонското море. Во текот на историјата бил  цел на разни војски – римски, османлиски, грчки, италијански и германски. По Втората светска војна во 50-тите години од минатиот век албанскот комунистички лидер Енвер Хоџа го отворил островот за своите советски сојузници, кои од таму сакале да го набљудуваат целиот Медитеран. „Мислевме само на војна, 24 часа дневно. Психолошкиот притисок беше голем“ се потсетува Михаил Љуље (61) кој 17 години поминал на малиот ридест остров во текот во периодот на комунистичката диктатура од 1947 до 1990 година. „Советскиот лидер Никита Хрушчов рече дека тој од таму може да го контролира Медитеранот се до Гибралтар, во 1958 година за време на посетата на подморската база Пашаљман, исто така во Валонскиот Залив, каде се надевал дека ќе инсталира ракети со голем дострел и воени бродови“, појаснува Љуље.

Sazan Albanija1

Сазан е испресечен со повеќе од 3.600 бункери и со километри тунел и подземни објекти, а на него има и кино училиште и болница. Живеејќи во страв од надворешна агресија, која никогаш не се случи, Хоџа наредил изградба на повеќе од 700.000 бункери низ цела Албанија. Островскиот град тврдина бил ограбен во воениот бунт против владата во 1997 година, кога луѓето ги испразнија воените складишта. Во текот на неодамнешните воени вежби на НАТО и албанската војска, островот е користен за бомбардирање, при што биле уништени неколку згради, вклучувајќи ја и вилата изградена за италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, во 30-те години од минатиот век за време на италијанската окупација.

Sazan Albanija

Островот со бујна вегетција, со борови шуми, смокви, опкружен со тиркизно сина вода, важи за еден од најубавите делови на Албанија, но сега е во запуштена состојба. Албанските власти сега со помош на француски експерти настојуваат да го претворат во туристичка атракција, а првите туристи веќе го посетиле. Директорот на Националната агенција за крајбрежје Аурон Таре вели  дека островот ќе остане воена база, но отворена за посетители. Урбанистичките планови вклучуваат изградба на музеј, центар за научни истражувања за подводниот свет и поморска археологија. Секако, Сазан  има што да им понуди на туристите. Во еден пакет го добивате мирисот и шармот на Медитеранот и мистериите на комунистичка Албанија.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top