Уморен сум.
Се чувствувам неспособен, како што повеќе одминуваат деновиве на преродбава. Изодевме повеќе од 100 чекори, но само малкумина имаат корист од овој од!
Бев одличен на училиште, завршив архитектонски факултет, па посетував педагошка академија- уметност, па магистерски на архитектура во Белград, оние правите магистерски не овие денешниве. Во наше време немаше плаќање за да положиш испит или да завршиш факултет. Ми предаваа одлични професори. Се вработив без врски иако и тогаш ти требаа врски за добро работно место и за поголема плата.
Во автобус им станувам се уште на постарите од мене и им отстапувам место. Со секого зборувам со почит и им отварам врата и придржувам палто на припадничките од понежниот пол. Така не` воспитуваа.
Кога возам кола, застанувам на црвено и возам по прописи. Ги почитувам законите, сакам да кажам.
Кога дојде така нареченава демократија започнав да работам приватно. Премногу е тешко, претешко. Отвараш фирма за стотина евра, те казнуваат за се нешто без опомени со илјадници евра. Ги менуваат прописите катадневно. Да ја затвориш ти требаат пак илјадници евра! Работиш да земеш едвам 200 евра и ти е жал кога некоја будала во државна администрација зема 500 и се жали дека и е малку. Жал ми е затоа што не можам да заработам повеќе за и тој да земе многу повеќе.
И никого не го интересира колку знаеш и што знаеш, дали си во право или не? Колку си начитан, што читаш, каква музика слушаш. Знам колку вредам и што знам. Знаат и моите пријатели, но и тие се како мене. Оние што имаат повеќе пари и кои градат, си имаат некој свој архитект и ме викаат понекогаш мене, кога некој ќе им ја “усере” работата, да им ја поправам за ситни пари. Пријателите ми велат дека проектите ми се одлични, дека сликам добро, дека фотографиите што ги правам се извонредни, дека текстовите што ги пишувам се многу добри, дека сум навистина писмен архитект…и, што од тоа? Преживувам.
Се потресувам кога некој ќе ми зазвони на врата, кој ли е сега ова? Ме стегаат градите кога ќе добијам некакво писмо, додека не го отворам. Кој ли ми пишува и што ли е ова сега? А колку се радував кога во онаа “недемократска ” Југославија ќе добиев писмо и кога некој ќе ми зазвонеше на врата. Ех, тоа беа времиња.
Со години не сум бил на одмор. И кога ќе ги слушнам моите познаници кои работат како државни службеници како заминале на заслужен одмор, се чувствувам неспособен, затоа што изгледа јас не сум заслужил за одмор, затоа што не можам да заработам доволно пари?
Не сум бил близок со ниедна власт. Ги критикував и оние ги критикувам и овие кога не се во право. И кога ќе ме прашаат што мислам за Скопје 2014 и кога ќе го кажам моето стручно мислење ме нарекуваат комуњар! А јас сум само архитект, кој знае што е АРХИТЕКТУРА и знае што се будалаштини. Но, такво е времето на интернетот и секој мајмун може да те навредува, ако немаш исто мислење како неговото.
Кога ми умреа родителите морав да вадам нови изводи од матичната книга на родените не постари од 6 месеци за да ми дадат умреници! Како да се сменило нешто во податоците на изводот, и што ли ќе тие извод на родени за умреница? Како да ќе те крстат на оној свет. Еј, го има ли ова во некоја друга земја. Ми бараат радиодифузна такса за мајка ми иако никогаш не плаќала сметки на нејзино име и ако е почината неколку години, а сметките за радиодифузна почнаа да стигнуваат 2 години после смртта! И нема радио во нејзиниот гроб!
Не можам да си ги наплатам парите од државата која ја тужев и ја добив на суд затоа што извршителот не бил надлежен за државните фирми?!
Не можам да побарам услуга, од лекар не дајбоже ако ми затреба, затоа што веќе 2 месеца не сум подигнал плата и не сум платил за здравство. А не сум платил затоа што моите должници заминаа на одмор, а мене нема кој да ме заштити и не знам како да си ги земам парите! Имаме инжењерска Комора која само собира членарина и која не не заштитува!
Државата те третира како малоумен, а и малоумен сум и не само јас, кога дозволивме да ни ги сечат липите на нашето детство и да ни садат болни палми, да ни градат галии и тркала и грди огради на мостови и уште погрди фасади и….што ли ќе им текне наскоро, баш би сакал да знам?
А луѓе умираат затоа што Министерството за здравство не им одобрило смешни пари за лекување, а ваму се фрлаат милиони за глупости? Доста ми е од ваква Македонија. Кого ли да тужам и на кој суд, за душевната болка што ми ја нанесоа во овие години?
Сакам да заминам за Аргентина кај мојата сакана, но како и од каде да заработам за толкав пат?
Пред некоја вечер поминував покрај кафулето Eqestrian, во близина на слаткарницата Палма, во Аеродром. На една клупа лежеше еден дедо од околу осумдесетина години. Беше доцна, многу доцна. До него на клупата една бабичка на истите години. Беше потпрена на еден стап. Старите раце и се тресеа, Го чуваше дедото и една најлонска кеса полна со стари алишта. Можеби тоа им беа сите работи што ги имаа. Луѓето поминуваа покрај нив и никој не ги праша од каде се, што прават, дали им треба нешто? Не ги прашав ни јас. Ме фати страв. Си помислив ако продолжи вака еден ден и јас ќе се најдам, сам, на некоја клупа, не знаејќи каде да одам?
Ќе мора да се оди, далеку, да се бара подобар живот. Тука за многумина го нема. Не ми требаат тркала, палми, галии ми треба работа и пристоен живот. Во колата ми свети ламбичката која ми вели дека со горивото сум на резерва. И со иднината сум на резерва, ако не заминам. Но каде на овие години? Уморен сум, навистина сум уморен!
А времето си врви, еве се стемнува. Утре ќе дојде нов ден. Што ли ќе донесе?
Ovaa Zemja ne zasluzuva ni sekunda od nasiot zivot …
Zalno no toa e nasata realnost
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1566703660244115&set=a.1403126166601866.1073741827.100007134874656&type=1&theater
i toa ke pomine
Tazno tazno no vistinito Najtaznoto e koga ne gledame nekoj izlez nekoe resenie
znam deka ke pomine no kako…..
Samo nie sto go ziveeme toa znaeme kolkava rani vo dusata I srceto imame
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1566703660244115&set=a.1403126166601866.1073741827.100007134874656&type=1&theater
Znam deka nema mnogu da pomogne, ama eve, srdecno ti stiskam raka i te vikam brat. Brat po mnogu nesta.
support
Нема коментар. Се е така, а до кога?
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1566703660244115&set=a.1403126166601866.1073741827.100007134874656&type=1&theater
Тоа е за жал вистината