Кинеската централа „Delingha“ ќе се наоѓа во пустината Гоби, во провинцијата Чингхаи и ќе се протега на површина од 25 km². Оваа централа ќе има капацитет од 200 MW, што значи дека ќе може да обезбеди електрична енергија за 1 милион домаќинства во Чингхаи преку целата година.Таа ќе може да ја одржува топлината 15 часа што значи ќе може стабилно и постојано да се произведува електрична енергија. На почетокот ќе се градат две кули кои ќе произведуваат енергија за повеќе од 452 илјади домови, а потоа ќе се изградат и останатите четири кои ќе произвеуваат електрична енергија за 1 милион домови. Овој проект е заеднички развиен од страна на „Shanghai Electric Group“ од Кина и компанијата „BrightSource Energy“ од Оукланд, Калифорнија.