Минатата седмица во САД во рамките на проектот Beyond Coal одбележено е затворањето на двестотата централа на јаглен во минатите пет години. Иако за земја како САД, двесте и не е некоја голема бројка, сепак с еработи за голем пресврт во производството на енергија бидејќи од вкупно активните 535 централи во 2010, денес се активни 335. Тоа е сериозен индикатор дека САД се свртуваат кон обновливите извори на енергија.
Според проценките во оваа година се очекува да се затворат уште 12.300MW инсталиран капацитет на јаглен. Од проектот Beyond Coal појаснуваат дека бенефитите од затворањето на централите на јаглен се повеќекратни. Пред 5 години загадувањето кое го генерирале сега затворените централи предизвикало 6000 срцеви удари, 60.000 астматични напади и 3600 смртни случаи. Овие централи емитувале над 188 милиони тони јаглерод диоксид, и над 3,5 тони жива.