„La Catedral“, познатиот стадион во Костарика, стана првиот стадион во Средна Америка кој се напојува со електрична енергија од сонцето. Проектот е реализиран преку соработката на компанијата ABB и локалнатата компанија Enertiva Costa Rica. Проектираниот систем би требало да генерира 400 000 kWh електрична енергија годишно, што ќе резултира во заштеда од 148 000 долари на годишно ниво. Употребени се 22 TRIO инвертори со моќност од 5,8kW до 20kW.
Соларната инсталација поставена е и пуштена е во погон за неполни три месеци. Пред поставувањето на конструкцијата з апанелите и самите панели, покривот на стадионот морало да биде реконструиран, односно зајакнат. Инсталираната моќност од 260KW ги задоволува дневните потреби на стадионот и во деновите кога се одржува фудбалски меч.