Насловна / Вести / Завршија истражувањата на палатата во Билазора кај Свети Николе

Завршија истражувањата на палатата во Билазора кај Свети Николе

bilazora-1

По повеќе од еден месец активности, заврши годинешната истражувачка кампања на античкиот локалитет Билазора, Кнежје, Светиниколско, по што следува стручна обработка на пронајденото, а потоа и презентација за досегашните резултати од истражувањата.

Како што соопшти Министерството за култура, истражувањата беа раководени од страна на проф. д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет во Скопје, во соработка со Народниот музеј на Свети Николе и Управата за заштита на културното наследство.

– Како дел од капиталните проекти на Владата на Република Македонија од областа на археологијата, археолозите на овој локалитет работеа на доистражување на т.н. владетелска палата од 4 век п.н.е, односно на отворениот двор (атриум) со колонади и уште на неколку нови простории откриени годинава. Со овие активности се истражени 70 проценти од целата палата, а остатокот допрва ќе се ископува, се посочува во соопштението.

На локалитетот се работи повеќе од триесет години, но сеопфатни систематски истражувања се прават во изминативе години, кои се концентрирани на откривање на просторот на т.н. акропола на локалитетот.

Локалитетот Билазора е еден од најзначајните раноантички локалитети во Македонија и единствен од ваков вид во средна Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top