Почна да се менува канализационата и водоводна мрежа на улицата „Вардарска“во Штип,на потегот од крстосницата до улицата „Трст“:
– За 25 дена комплетно ќе биде сменета водоводната и канализациона мрежа. Инвестицијата е 40.000 евра – изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ – Штип.
Со овие средства, ќе се реконструира водоводна и канализацона мрежа во должина од 350 метри. Кога ќе се реконструира горниот дел од улицата „Вардарска“, ќе има врска меѓу високата и ниската зона а тоа е повеќе од добра вест за овдешните жители, зашто во минатото имаа големи проблеми, особено со канализацијата.