Насловна / Вести / Кој го измислил клима уредот?

Кој го измислил клима уредот?

Klima ured istorija

Дали знаевте дека во минатото цели компании и државни институции земале колективен годишен одмор за време на летото, со цел да го избегнат работењето на високи температури? Може да се каже дека денес се рекост канцелариите и домовите без „волшебниот“ уред кој на сите им го олеснува секојдневието. Но, како започнала приказната за клима уредот, и као тој влијаел на историските текови, па дури и на трендовите во кинематографијата Ви откриваме во продолжение.

Klima ured1

Кога Долниот дом на британскиот парламент вработил човек кој сам морал да го задвижува огромното тркало за разладување и неговата професија ја нарекол „вентилатор“, било веќе јасно дека некој треба сериозно да се позанимава со поблемот на разладување на просториите. Во почетокот на 20-тиот век, инженерот Вилис Кериер го осмислил „апаратот за третирање на воздухот“ со цел една издавачка компанија во Бруклин да го реши проблемот со спорото сушење на мастилото и гужвањето на хартијата поради високите температури. Меѓу првите институции чии вработени имале среќа да се чувствуваат комфорно во текот на летото била Њујоршката берза, по што и многу други почнале да го следат нивниот пример. Кино салите биле меѓу првите објекти со клима уреди, па филмските студија тоа добро го наплатиле закажувајќи премиери токму во текот на летото. Интересно е дека оваа традиција се одржала до денес.

klima ured

Клима уредите влијаеле на светската економија, така што топлите сојузни држави како Тексас, Флорида и Невада токму на овој изум му го должат развојот на економијата и прирастот на населението. До денес, оваа технологија има забележано голем напредок во поглед на перформанси, димензии и цени. Покрај ладењето, ја одржуваат и влажноста, овозможуваат јонизација и други функции. Инвертер клима уредите кои освен ладење овозможуваат и греење по принципот на топлинска пумпа, денес се широко распространети на пазарот. Тоа е исклучително енергетски ефикасна опција, со ниска потрошувачка на енергија.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top