Цените на недвижнините ќе расте во текот на 2015 година на цела територија на ЕУ, со исклучок на Франција и Белгија, благодарение на подобрите економски услови и ниските каматни стапки. Тоа е проценка на бонитетната агенција Стандард и Пурс. Во Ирска цените на недвижнините во текот на оваа година најмногу ќе пораснат за 9,0 отсто, потоа во Германија 5,0, во Португалија 4,0 отсто и во Холандија 3,0 отсто. Во Шпанија недвижнините во просек ќе поскапат 2,5 отсто, а во Италија ќе дојде до стабилизација на цените. Раст на цените на недвижнините се очекува и во Велика Британија за 7,0 проценти, а во Швајцарија која не е во рамки на ЕУ, за 1,5 отсто, се наведува во извештајот на Стандард и Пурс.