ArcelorMittal Orbit Tower е проект на дизајнерот Аниш Капур и се наоѓа во Лондон. Проектот за оваа кула е направен во 2012 година за време на Олимписките игри во Лондон.
Со височина од 114 метри оваа кула ќе биде највисоката која е наменета за лизгање, а траекторијата на движење по истата е многу интересна и возбудлива за посетителите. Оваа кула треба да почне со работа од пролет 2016 година а едно вакво искуство, секој од посетителите ќе го чини само 5 фунти.