Населението на Филипините наскоро би можело да ги замени свеќитe и батериските ламби со нов вид на светлечки тела. Проектот има за цел да го развива одржливото алтернативно осветлување (Sustainable Alternative Lighting – SALt), а резултира со решение кое на нацијата распослано на 7.000 острови ќе му понуди нов тип на ламба која работи на гориво кое го имаат во изобилство – морската вода.
Ламбата SALt се напојува со солена вода. Чаша морска вода, или обична вода помешана со две лажици сол, е доволно оваа светилка да свети непрекинато осум часа.
Електродите во уредот може да трајат околу една година – во зависност од тоа колку често и колку долго ќе се користи.
SALt, исто така, има опција да полни мобилен телефон преку USB порта, но сепак нејзината главна функција е да обезбеди светло во услови каде што пожарите се многу чести, поради големата употреба на свеќи.