Насловна / Архитектура / Нови модели на хибридно домување во населба Буњаковец во Скопје

Нови модели на хибридно домување во населба Буњаковец во Скопје

2

Во урбаната структура на градот Скопје постојат урбани конфигурации составени од хетерогени урбани текстури, а од друга страна, диференцијални форми на паралелно егзистирање на различни програми, морфологии и типологии. Домувањето, како дел од различни урбани фрагменти, како и придружните функции што ја овозможуваат неговата егзистенција, претставува доминантен дел од урбаната структура на градот. Ваква анализа на градот Скопје е направена во магистерскиот труд на кандидатот Орце Н. Василев, изработен под менторство на доц. д-р Огнен Марина, со наслов Нови модели на хибридно домување во населба Буњаковец во Скопје. 6

Овој труд се фокусира на континуираните трансформации на урбаната структура во последните децении, особено на објектите за домување и начинот на домувањето, односно промените на програмските, типолошките, просторните, но и демографските конфигурации, кои упатуваат на постоење на сериозен истражувачки предизвик со цел разбирање на процесите што го обликуваат градот и просторот за живеење.7

Резултатот од овие промени може да се детектира низ процесите на хибридизација и комбинирање на различните програми, архитектонски типологии, конструкции, материјали и корисници во еден објект. Овие хибридни објекти се новата реалност на градот и нивното изучување може да укаже на постоење на различни модели на урбано домување.

Во контекст на дебатата што ги истражува трансформацијата, континуитетите и дисконтинуитетите во урбаниот простор, како резултат на постсоцијалистичката трансформација на градот Скопје, овој труд се задржува на аспектите на урбаното домување и трансформативните типологии во градот Скопје, како и програмската, типолошката и конструктивната хибридизација на објектите за домување, во услови на трансформации на урбаната структура на населбата Буњаковец, со дополнителен фокус на анализата на трансформациите на станбените објекти и нивното непосредно опкружување.4

Врз основа на резултатите на овие истражувања е направен обид за дефинирање на нови модели на урбано живеење со хибридноста и хибридизација на објектите, како тактика на одржлив развој. Истовремено, поставувајќи современ концептуален модел кој во себе ќе ги синтетизира новите просторни потреби и создавајќи кохерентен морфосинтаксички и семантички систем со контекстот во којшто новиот модел ќе егзистира.

1

Истражувањето се состои од пет дела. Во првиот дел е анализирана асиметријата помеѓу размерот на архитектонската форма и пространоста на урбаното, создавајќи можност за елаборација на архитектонска форма како пример за градот. Во вториот дел се истражуваат аспектите на урбаното домување, преку односот на градот и домувањето, фрагментот и домувањето и типологијата на домување во населбата Буњаковец во Скопје. Третиот дел ги опфаќа историските етапи во планирањето на градот Скопје, различното ниво на реализирање на концептуалните и реалните трансформации, а како резултат се различните урбани фрагменти кои опстојуваат како траги од неколкуте фази на урбаната трансформација.

8

Во четвртиот дел се истражува урбаната хибридизација, трансформативните типологии и моделите на хибридизација во населбата Буњаковец, преку анализа на историскиот развој и проблемското подрачје на хибридните објекти. Во последниот дел е опфатена хибридноста како урбан медијатор и се анализирани неколку нови модели на одржливо домување. Оттука, се генерирани архитектонско-функционалните аспекти на новиот објект, како прототип на нова архитектонска форма во урбаниот контекст.

Индивидуалниот проект вклучува, како архитектонска содржина,  интеграција на хетерогена програма, каде домувањето се јавува како доминантна намена, со застапеност од речиси 80 отсто од вкупната развиена површина, додека останатите 20 проценти во себе вбројуваат различни компатибилни класи на намени, како: комерцијални единици, деловни единици, угостителски едници, културни содржини, единици за времено домување и зеленило во форма на заштитно и парковско зеленило. 3

Програмата на хибридниот комплекс е потполно содржајна, со самодоволни карактеристики кои овозможуваат нејзино вклучување во категоријата за хибрид како „град во градот“. Идентитетот и личноста на хибридот се издвојуваат, не само заради новите врски, пропустливоста на зградата, динамиката, интердисциплинарните простори, јавниот и приватниот двор, но, исто така, и заради разграничувачките разлики на материјализација во урбаната средина. Организацијата во сегменти на програмските категории, исто така, му помага на зачувувањето на овие фактори додавајќи квалитет во видливоста на различните програми, кој се добива со нивно позиционирање во различни волумени во хоризонтала и вертикала. 5

Потенцијалот за социјален и за урбан развој е претставен, во ова предложено решение, преку различните, но ефикасни концепции. Урбаната регенерација на оваа територија, преку нејзиното згуснување и програмскиот избор на станбени програми, придонесуваат за културно, техничко, уметничко сфаќање на градот и на интензитетот на функционалната употреба на урбаниот простор.

Хибридниот пристап и одржливиот карактер заедно со сите енергетско-амбиентални аспекти кои ги содржи новиот објект, го категоризираат како високо еколошки свесна структура и извонреден пример на одржлива архитектура.

Испрати коментар

Scroll To Top