Насловна / Вести / Почина архитектот-урбанист Љубе Пота

Почина архитектот-урбанист Љубе Пота

 

arhitekt Ljube Pota

Вчера во Скопје почина архитектот – урбанист Љубе Пота. Љубе Пота (1918-2015) е првиот домашен архитект, кој целиот свој работен век го посветил на урбанизмот.
Ги изработил урбанистичките планови за: Тетово, Берово, Кавадарци, Крушево и Ресен. Во почетокот на 60 –тите години изработил неколку детални урбанистички планови за реконструкција на делови од Скопје.

Во тој период Љубе Пота соработува со Кензо Танге во изработка на ДУП за центарот на Скопје. Од Владата на Република Македонија е назначен да ја претставува во соработката со менаџерскиот проектански тим раководен од Адолф Циборовски.
Работел и како експерт на Обединети Нации во Перу, Средна Америка и бил проект менаџер на ГУП и ДУП на Никозија, Кипар (поделениот град).

Испрати коментар

Scroll To Top