Насловна / Вести / Зоран Петровски: Дојдено е време на нов вид градители

Зоран Петровски: Дојдено е време на нов вид градители

slika 1

Во овој број на „Порта3“ ви нудиме една лична приказна. Приказна за тоа како може да се гради успешна кариера. Нејзин главен лик е градежниот инженер Зоран Петровски. Дипломец на Градежниот факултет во Скопје, кој се обидел да се најде себеси во повеќе области на градежништвото, за конечно да сфати и да си признае: „Јас нема никогаш да бидам експерт во некоја конкретна област во градежништвото“. Но токму тоа било мотив за него, да го обедини целото знаење, „поточно кажано, малку проектирање, изведба, инвестиции, консалтинг, надзор, менаџмент, a сè може да биде интегрирано и претворeнo во еден менаџерски пристап каде се остваруваат резултати, базирајќи се на работата на стручни лица, кои во секоја од овие области се подобри од мене“.IMG

Интересно, со еден телефонски повик се случи тоа што се случи – бев замолен од колегите од списанието„Порта 3“да напишам нешто за мојата градежничка кариера. Бев затечен од неколку причини; прво и најважно, зошто баш јас покрај толку легенди на македонското градежништво, а второ,целата оваа ситуација личи на реквием или на заокружување на една кариера,а тоа некако го очекував малку подоцна во животот. Во секој случај,оваа можност ја сметам за голема чест и се надевам дека тоа што го правев во овие 25 години во градежништвото ќе им биде од интерес на читателите.

Од каде да почнам – да речеме од Градежниот факултет во Скопје  на кој дипломирав во рок (што ми беше и основната идеја). Тие пет години беа еден голем ментален тренинг со апсорбирање на исклучително многу информации,афиналниот производ е една индивидуа која е теоретски доста добро подготвена,но во градежничка смислаедна тотална табула раза. Тоа на еден начин, можеби,е и предност затоа што овозможуваше подоцна низ кариерата и низ поспецифично учење,преку работа, да се специјализираме во некоја одредена област од градежништвото.

 

Во секој случај, нашиот факултет и генерално нашите технички факултети се покажаа како компетитивни во споредба со странските факултети, а доказ за тоа се големиот број наши успешни стручни лица кои работат и живеатво разни места наоколу по светот. Во секој случај, добро е да се биде компетитивен на пазарот, меѓутоа сегашните потреби се веќе поразлични од пред неколку децении и во определени области се чувствува особена разлика во пристапот кон образованието. Тоа, пред сè, би се однесувало во пристапот кон менаџерскиот дел од градежништвото, каде во основа и се управува со остварувањето на додадената вредност на производот.

Да се вратиме на главната приказна. Моето првовработување беше во ГРО „Пелагонија“1990 година,и тоа во времето кога старата држава веќесе распаѓаше и се водеше војна во соседството.Во „Пелагонија“ беше оформен еден од првите ИТ центриво нашата фела и центарот вработуваше голем број млади инженери, и од тој состав подоцна се изродијаголем дел добри инженери, моментно ангажиранина високи позиции во земјата и во странство.

_MG_2376

Контакти со познати финансиери од светот: заедно со директорот на Збер банка, Русија

Тоа беше мојата прва средба со градежништвото.Но, по извесно време ми стана јасна една работа- јас нема никогаш да бидам експерт во некоја конкретна област во градежништвото.Тоа резултираше во една професионална максима и план за развој – да поминам низ сите области на градежништвото и да го затворам кругот на сите процеси од кои се состои еден проект. Поточно кажано, малку проектирање, изведба, инвестиции, консалтинг, надзор, менаџмент, aсèможе да биде интегрирано и претворeнo во еден менаџерски пристап каде се остваруваат резултати,базирајќи се на работата на стручни лица кои во секоја од овие области се подобри од мене.

Да се вратам на „Пелагонија“– апликација на компјутерски програми за статички и динамички пресметки. Прилично еднолична работа и без посебен предизвик. Се појави шанса и после некое време,на 1 јули 1993 година, конечно, заедно со една поголема група мајстори и неколку колеги, се упативме кон Кувајт. Кувајт – последен од големите проекти на нашите фирми во светот. Кувајт беше ненормално искуство за еден неискусен канцелариски инженер (со познавање на англиски и компјутери) и тоа беше еден од пресвртните моменти во мојата кариера. Секако,судбината го направи своето и привилегиран бев да бидам под директна команда на Трајко Ѓоргев,а сите под команда на Славејко – еден од големците на македонското градежништво,на кои јас би им дал специјално место во едицијата за познатите градители.

И сега, после повеќе од 24 години искуство (од кои 12 интернационално) јас немам работено на таков проект каде навистина повеќе од 80 проценти од објектот беше префабрикуван, почнувајќи од темелите, столбовите, гредите, меѓукатната конструкција, комплетните фасадни елементи. Kомплицирано, квалитетно, брзо и исклучително професионално – што и денес претставува предизвик за работа,а уште поинтересно е што во тоа време изгледаше нормално и секојдневно.slika 3

По завршувањето на договорот во Кувајт,решив да се вратам дома и покрај тоа што повеќето колеги продолжуваа до завршување на проектот. Два месеци подоцна дадов отказ, кој беше оквалификуван, од опкружувањето, како ризичен и професионално самоубиствен потег. Од друга страна, по некоја логика, за мене таа постапка претставуваше еден начин да се натерам да работам нешто поинакво и, по можност, подобро платено. Почувствував потреба да одам напред и во нешто ново.Со посредство на пријатели и познаници кои беа запознати со мојата претходна работа,некаде летото 1994 година дојдов до можност да бидам интервјуиран во,за еден градежник, неочекувана институција – ЦрвенКрст – Меѓународна организација на Црвениот Крст и Полумесечина. Се заврши успешно со директен ангажман, прво за американската, а потоа за германската организација.

Во тие времиња на војна во Босна и пост-воен период,во Македонија имаше голем број бегалци и имаше потреба од огромен број смеcтувачки капацитети, што најчесто беше постигнувано со реконструкција на постојните детски одморалишта од старите добри времиња. Голем број меѓународни организации беа вклучени во тој процес,а покрај градежниот дел еден од најважните нови проекти беше Програмата за подготовки за интервенции при катастрофи (поплави, земјотреси, и слично). Значајно е да се потенцира дека сето тоа беше големо училиште на организација на повеќе процеси, кои во основа не се во градежништвото, но логистичкиот дел од процесот беше значителна придобивка за понатамошната кариера.Во секој случај, неколку години големо искуство каде целиот процес беше оставен на неколку луѓе,почнувајќи од буџетирање, набавки, сметководство, градба, сè до извештаите за целата работа,прво во САД, а потоа во германскиот Црвен Крст.slika 3'

Проектот под име Горки Город – ЗОИ 2014, Сочи, Русија

Истовремено се пoјави нова можност –првата голема реконструкција на аеродромот Петровец по осамостојувањето. Таатребаше да го преобрази аеродромот од класично воено во патничко и комерцијално воздушнопристаниште. Aкцентот беше ставен на пистата, пристапните патеки и на паркингот за воздухоплови. Исклучително интересен објект и мој прв влез во консултантските води. Проектот на меѓународен тендер беше доделен на една од најстарите и најценети консултантски куќи од Велика Британија.Следствено, станав дел од тимот, оформенпреку „Македонија Проект“,а за потребите на компанијата „Сир Александар Гибс енд Партнерс“.Специфично е што проектот се градеше по БС – британски стандард, а асфалтот по АСТМ –американски стандард, а севкупната договорна документација беше подготвена и управувана по ФИДИК формите на договори.Cо Fidic веќе имав среќа да се сретнам и да работам во Кувајт 1993 година. Овие форми на договор ми отворија многу врати во кариерата, посебно на меѓународно ниво и мислам дека нивното изучување е императив за сите млади инженери.

 

Во деведесеттите години се појавува програмата ФАРЕ, која започна со финансирање на помали инфраструктурни и хуманитарни проекти,за полека да прерасне до капитални инфраструктурни инвестиции. Прва од меѓународните консултантски фирми кои беа вклучени во проектите беше ДИВИ Консалт од Германија, за која работев како еден од првите локални експерти. Во почетокот бевме ангажирани во функција на надзорен орган на граничните премини Богородица и Меџитлија, Автопатот Е75 Гевгелија – Богородица.

Проектите беа во рамките на програмите штобеа водени и финансирани од Европската комисија преку горенаваденета програма, а во координација со Владата на Република Македонија и соодветните служби. По некое време и на предлог на менаџерите од ФАРЕ, се придружив на тимот што ги управуваше проектите во Македонија. Ангажманот подразбираше работа со инвестиции, буџетски проекции, меѓународни тендери за консултанти, надзор и градба, физибилити студии и сл. Огромно искуство во меѓународниот бизнис и посебно во договорниот дел, кој е посебна наука во градежништвото.goren klaster +960

Горки Город – ЗОИ 2014, Сочи, Русија

Еден од главните заклучоци од тие искуства беше дека и покрај сета механизација, човечки потенцијал, фабрики и слично, судбината на поголемиот дел од проектите зависи од вештината во работата со хартија, односно документацијата. Eдноставно, профитот и загубата се прават на хартија, а не со изградба. Ова беше еден вид мало разочарување затоа што некако навивав за ударничкиот и ориентален менталитет на градба по методот „дај, удри, работи, пазапари – ќе видиме“, кој функционираше во времето на договорната економија и бартер аранжманите, но не во западниот, а посебно не во англо-саксонскиот модел на бизнис.

Поминав повеќе од пет години во ФАРЕ и во Европската комисија (1997-2003). Последните две години бев на позиција Програм менаџер и тоа беше највисокото можно ниво за локален експерт. По редот на нештата, во демократските општества колегите со иста позиција, но државјани на земјите од Европската Унија, за истата работа беа платени по 4-5 пати повеќе од локалните експерти, што за мене беше неприфатливо.И некаде во тоа време, а со мој голем ангажман, се појави понудата за Дубаи.

Тоа што се случи во Дубаи во периодот 2003 – 2008 година е тешко повторливо во кои и да било историски рамки и бизнис-средина. Дубаи беше место да се гради, но и да се живее,и тоа во една многу толеранта и космополитска средина, а во определен период и исклучително добро да се заработува.

Дубаи е место каде што архитектите ги остваруваат своите соништа, а градежниците ги надминуваат претходните рекордни достигнувања. Дефиницијата за проект во Дубаи е сосема различна од прифатените норми за одредување големина на проект или инвестиција. Јас и мојата сопруга Сузана, која е архитект, имавме можност и привилегија да учествуваме на дел од најголемите проекти, а во исто време да бидеме и сведоци на изградбата на други проекти. Општо е познато дека секој проект има три главни елементи на кои се става акцент и со нивно балансирање проектот се води и доведува до крај. Тоа се квалитет, време на градба и буџет.

Во зависност од потребите и степенот на напредок на проектите, еден од овие фактори беше во надредена положба во однос на другите. Мојот дел од дубајската приказна започна преку фирмата Hill International од САД, кои ми понудија работа на Сениор менаџер за договори и тоа на Палмата која беше во фаза на насипување. Инвеститор беше фирмата Nakhil – инвеститорот на Палмите, Светот, Ватерфронтот, Дискавери гарденс, Ибн Батута мол, и многу други мегапроекти. После две години (2005) потпишав менаџерски договор директно со инвеститорот и ја работев директно Палмата, но и многу од другите итни проекти. Мега градба со разни моменти – нема доволно ресурси (недостиг од материјали, челик за арматура, цемент, увозни материјали и најглавното – работна рака).slika 2

За потенцирање на проблемот, само на Палмата во период од 1,5 година работната сила се зголеми од 8.000 на 60.000 луѓе и тоа беше логистички кошмар и покрај примената на најсовремените менаџмент-практики. Кога се постигна потребниот број работници, одеднаш сите сфативме дека таа огромна маса луѓе собрани од сите страни на светот е исклучително тешко да се контролира и сите мерења на продуктивноста, кои беа разочарувачки, го покажуваа тоа. Секако, решението беше во користење повеќе луѓе, но овојпат на инженерски/инпекторски кадар со чија мобилизација проектите веќе ги добиваа своите финални контури. Заедничко за сите проекти беше дека роковите за градба уште во самиот старт беа апсолутно неостварливи, но другиот ефект од ваквите нереални рокови беше што се градеше исклучително брзо и со огромен фронт за работа, практично неколку мегаградови во исто време.

Сето тоа доведе до една очекувана работа – кога нешто треба да се заврши со ненормално кратки рокови и посебно забрзана програма, трошоците растат пропорционално на изгубеното време. Уште еден феномен на таквата брза градба е дека покрај инфлацијата во економска смисла, се создаде и инфлација на квалитетни кадри и ноторен недостиг од стручни луѓе способни да се носат со екстремните барања на мегапроектите – доказ дека е дојдено време на нов вид градители кои претставуваат симбиоза на визионер, планер, економист и извршител во исто време.

Шансата се појави во 2007 година и по куси преговори потпишав договор со една од најголемите фирми во градежниот сектор Ал Шафар Транспорт енд Констракшн и ја преземав фирмата во функција на Генерален директор. Фирмата во тоа време беше во невидена експанзија и работевме на 16 големи проекти во исто време. Притисокот беше огромен да се оди во експанзија уште понатака, што по мое мислење беше ризично и непотребно а се докажа подоцна за време на страшната криза од 2008 година па натака. Во секој случај, менаџерскиот договор од три години истече и веќе носталгијата го правеше своето.

Од 2010 година го сметаме за период ПД – после Дубаи, а посебно сопругата Сузана не може да го прежали фактот што веќе не живееме таму. Во секој случа,ј иако се враќаш дома, сепак е голема промена после седум години да се смени средината па макар и во својот дом. Во тоа време веќе се ангажиравме на менаџерски договор на изградбата на новата зграда на Македонски Телеком  во центарот на Скопје (фирмата Девелоп Гроуп),и тоа беше еден интересен проект посебно со тоа што имаше и меѓународна компанија да управува со процесот на градба – ЕЦ Харрис, што го направи целиот процес потежок и искучително напорен во поглед на документациските барања. Во секој случај објектот го заврши Сузана.

slika 5

Проектот под име Горки Город – ЗОИ 2014, Сочи, Русија

Во јануари 2012-та бев повикан од една пријателска фирма,со која соработував низа години уште од дубајските денови, да им помогнам за еден исклучително голем и задоцнет проект. Се работи за Олимписките игри во Сочи 2014. Проектот под име Горки Город се состоеше од еден кластер на ниво од +540 и уште еден кластер на +960 во планините над Сочи во местото Краснаја Полјана. Проектот се состоеше од 61 објект, 1.500 апартмани, 1.600 хотелски соби, две топлотни станици, 70 хектари надворешно уредување со 20 километри патишта и целосната разводна инфраструктурна мрежа.

На две години пред Олимпијадата од сите горенаведени работи беше изработено помалку од пет проценти, а и голем дел требаше да се промени според новите проекти. Станбениот простор се состоеше од 645.000 м2 и освен главниот Медиа центар и Трговскиот и забавен центар,останатите објекти се хотели и апартмани од 3,4 и 5 ѕвезди. Операторските имиња со кои беа потпишани менаџерските договори беа Мариот, Свис хотел, Капела, Рихос и други, а и самите оператори не веруваа дека е можно да се заврши проектот и да биде вселив за Олимпијадата. Мора да се додаде дека во договорот за овој проект спаѓаше и обврската за сите набавки на опрема, мебел, ентериери, 16 хотелски кујни, една централна кујна и сите иницијални конзумни материјали (вода, тоалет хартија, пијалоци, храна, итн.). Како куриозитет е дека само транспортот на мебелот и опремата беше завршен со повеќе од 1.000 големи контејнери, а тоа се прави во конкуренција со останатите проекти кои се извршуваат во исто време и со исти доцнења.

slika 4

Фирмата што беше замолена да го земе проектот и да го заврши е фирмата „Сембол Иншаат“ од Турција со која работев на повеќе проекти во Дубаи. Во секој случај, сопствениците на фирмата (во исто време и сопственици на хотел операторот Рихос) се сетиле на мене и на големината на проектите што ги водевме во Дубаи и после кусо, но тешко убедување, се најдов во авион за Сочи. Интересно е што Сочи е некако судбински поврзан со нашето градежништво, а исто и со нашето семејство, затоа што и ден-денес ги слушам приказните од татко ми Кирил за успесите на нашите градежници во Русија.

Поставивме наш генерален директор на проектот и на заедничката фирма, а јас се грижев за координација на сите актвности на највисоко ниво – работа со инвеститорот, буџетирање, креирање на правилна стратегија и сето во околности на притисок од сите страни. Во секој случај, тие активности одземаа уште пет месеци и вистинските работи почнаа дури во јуни 2012 година. Во меѓувреме нашиот директор се откажа, не можејќи да го издржи притисокот на времето и се поагресивните менаџери од руска страна, и одлука беше дали да бараме нов директор или да користиме што е достапно.

slika3

Имајќи предвид дека немаше време за нова регрутација, а  такви луѓе и не се наоѓаат за кратко време, единствената одлука беше да ја преземам работата (иако се поставив себеси на едно ниво пониско), и се случи неизбежното, ги презедов сите менаџерски обврски на целиот проект. Целиот буџет беше околу две милијарди долари и земајќи го предвид времето останато,неопходно беше да се прави реализација од 100 милиони долари месечно, што е навистина невообичаено висока бројка. Во секој случај, со 13.500 работници во просек, а во пикот 15.500 луѓе и после огромен број планирани и уште поголем број непланирани проблеми, ги вселивме првите новинари од светските агенции на две недели пред олимпијадата. Нивото на притисок во последните неколку месеци беше неописливо, затоа што се работеше за еден спортски, но во исто време и исклучително политизиран проект, каде поголемиот дел од западните земји гледаа негативно на напорите на Руската Федерација и во нивната јавност сите напори беа презентирани исклучително негативно.h015_08

Проектот Експо 2017 во Астана, Казахстан

После тешкото и кратко градење во Сочи, ги одбив сите понуди за нови проекти и во договор со сопсвениците на фирмата моментално сум вклучен во Управниот одбор на фирмата како неегзекутивен директор и ги водиме проектите од директорско ниво. Во меѓувреме го добивме најголемиот дел од Експо 2017 проектот во Астана,Казахстан, каде сум во редовна контрола на нашиот управувачки кадар. Тоа е еден од тие мегапроекти каде нема никаква шанса за пролонгирање на рокот, без оглед кој влијае на доцнењето – во најголем број случаи тоа е неефикасниот и неискусен тим од страна на инвеститорот, кој има повеќе политичка отколку менаџерска функција, но тоа во никој случај не го ослободува изведувачот од обврската да ја заврши работата на време. Тоа истото се случи и во Сочи, и на такви проекти се решаваат судбините на многу фирми и поединци.

Како епилог на оваа секвенца од приказни – така јас ја нарекувам мојата кариера и навистина е штета што не може да опфатам уште интересни работи, а посебно најважниот дел од градежништвото – луѓето кои сум ги сретнал, луѓето со кои сум имал привилегија да работам, луѓето кои ми помогнале во животот и кариерата. Посебно место во мојата животна приказна е обезбедено за Александар Сале Петков (екс-директор во Гранит и мој стар пријател од Кувајт), кој влијаеше во определени моменти одлучувачки на правецот на мојата кариера. Како да не ги спомнам сите колеги од разни земји со разни религии со кои сме поминале многу тешки, но и многу убави моменти.

Семејно наследство

Градежништвото е семејно наследство во семејството на Зоран Петровски. Негов идол бил татко му Кирил Петровски, инженер-статичар.„Невозможно ми се чинеше да го постигнам нивото на мојот татко“, вели Зоран. Неговата сопруга Сузана е архитект, но повеќе менаџер во градежништвото, со која „ги водат сите проекти и борби по светот“. Тие се како втора генерација градежници. И новата генерација – синот Кирил веќе работи по светот (дипломира на Мичиген стејтјуниверсити, сега работи во Астана, Казахстан, на изградбата на Експо 2017), а и ќерката Марија студира на Политехнико Милано на катедрата за архитектура. Значи, приказната продолжува – нови и попаметни генерации доаѓаат на сцената и тоа е веројатно тоа што ја прави целата приказна вечна и непрекината.

Испрати коментар

Scroll To Top