Во рамките на проектот „Работно лето 2015“, општина Центар гради водовод во должина од 200 метри на улицата „Стефан Јакимов – Дедов“.
Стручните служби во општината и градоначалникот Андреј Жерновски, на неколку средби со жителите ја согледаа потребата од нов водовод во овој дел од Центар.
Урбанизацијата и новоизградените објекти во Буњаковец го надминаа капацитетот за снабдување со вода на жителите, па постојната градежна инфраструктура не можеше повеќе да одговори на зголемените потреби. Се појавија проблеми на постојната водоводна линија и, од тие причини, се гради водовод на дел од улицата „Стефан Јакимов – Дедов“ и дел од улицата „Коле Неделковски“, каде што воопшто не постои водоводна мрежа.
Ќе бидат поставени полиетиленски цевки ПЕ 100, кои ги задоволуваат стандардите за водоводни цевки под притисок и високите стандарди во однос на квалитетот на избраните материјали.
Општина Центар продолжува со подобрување на инфраструктурата. Водоводот на улицата „Стефан Јакимов – Дедов“ е четврт по ред зафат во месец јули, по пуштањето во употреба на улиците „Јоаким Крчовски“ на Кале, „Новопроектирана“ и улицата „Тасино Чешмиче“ на Водно.