Познатиот грчки остров доби уште еден прекрасна вила на темелите на некогашен рудник за камен.
Каменот што се копа на Миконос е со многу добар квалитет, меѓутоа, туристичкиот потенцијал на островот е многу поголем, и повеќе еколошки, така што не е чудно што каменоломите се почесто се затвораат.
Еден од нив, кој се наоѓа на фантастична позиција со поглед на островот Делос, трансформиран е во вила која зрачи со вистински грчки шарм.
Villa Gracias a la Vida е поделена на два дела: главна куќа од 350 квадратни метри и гостинска од 270 квадратни метри. Тие меѓусебно се поврзани со голем базен со морска вода, како и камени ѕидови кои потсетуваат на историјата на оваа парцела.
Во изградбата на вилата биле користени локални материјали и традиционални ѕидарски постапки.
Каменот, се разбира, го има најмногу и тоа во контраст на белата вила со карактеристичните сини прозорци.
На терасата се веранди кои обезбедуваат сенка на „измачените“ туристи, а кога ќе огладнат тука е и скарата изѕидана со камен.
Куќата може да се изнајмува а дневното изнајмување е од 2.000 евра и нагоре, во зависност од терминот.