Artburo е украински бренд со седиште во Киев, којшто скапите чанти на своите клиентки им ги украсува со мали сликарски ремек-дела.
Брендот е основан за да на пазарот донесе нешто свежо, и тоа во однос на класичните луксузни стоки, како што е „Хермес“ чанта.
Оваа интересна компанијата им овозможува на своите клиенти самите да одлучат што ќе аплицираат на нивните „Кели“, Биркин“ или било кој друга „Хермес“ чанта.
Така, на пример, Ирина Шајк својата чанта ја украсила со своето името, а Канје Вест сакал чантата на неговата сопруга Ким Кардашијан да биде насликана со портрет од нивната ќерка Норт.
Меѓуостанатите, Рита Ора и Лејди Гага се едни од сопствениците на овој вид чанти. За изработка на една ваква украсена чанта потребно е од три до пет недели, се сликаат само со високо квалитетни италијански бои, а цените може да варираат од неверојатни 4.000 долари па нагоре.