Во селото Нижеполе често се појавуваат свлечишта, кои навремено се санираат. Во овој период се работи на свлечиштето кај џамијата, односно во завршна фаза е изградбата на потпорниот ѕид кој е со должина од 65 метри.
„Со санацијата на овие 65 метри и со поправката на оваа улица, главниот проблем на мештаните ќе биде решен. Вредноста на овој проект, заедно со два пропусти за атмосферска вода кои ќе се направат на улицата, е некаде околу милион денари“, изјави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.
Со изградбата на овој потпорен ѕид, овозможено е непречено движење во селото кое е познато туристичко место како во зимскиот, така и во летниот период.